23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Опозицијата ги блокираше законите што ЕК ги пофали

Овие извештаи реално ги прикажуваат позитивните и негативните страни, уважени се сите напори за спроведување на Стратегијата за реформи во судството, напорите за завршување на случаите на СЈО, напорите на ДКСК за случаи со висока корупција, измените во Законот за Академијата за судии и обвинители што опозицијата не сакаше да е со европско знаменце и други, кажа министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ24, коментирајќи ја оценката од Извештајот на Европската комисија во областа на правосудството. Тој повтори дека севкупно е постигнат добар напредок, особено преку јакнење на независтноста на судството.

-Апелот од ЕК е испратен дека треба да има дијалог за да има Собрание кое испорачува резултати. Порачано е и опозицијата да учествува активно и конструктивно, не е фер седум закони на предлог на Владата со европско знаменце да бидат процедурално блокирани, изјави Маричиќ.

Министерот за правда нагласи дека потребни се напори за зајакнување на работата на Парламентот и нагласи дека е поздравена работата на Антикорупциската комисија, бидејќи сега таа отвора случаи од кои никој не е поштеден, за разлика од работењето на Комисијата пред пет години кога воопшто и никој не знаел дека постои.