Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Македонија

Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово во дебата на ТВ24 му посочи на противкандидатот Димитриевски дека градоначалник на Куманово не треба да се занимава со работата на извршната власт, на министерството за надворешни работи, туку со работи од надлежност на општините.

“Ние сакаме да градиме градинки, катни гаражи, продолжување на булевар Октомвриска, нови паркови, современ кеј, чиста животна средина со Мој Еколог, да ги развиеме индустриските зони, да спроведеме гасификација на истите и на целиот град, за да привлечеме нови инвестиции за да младите ни останат тука.” рече Илиевски.