Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Илиевски до Димитриевски: Потроши 12 милиони евра за една монтажна катна гаража, еден кружен тек и столбчиња на булевар, сето друго е од средства на Владата

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово во дебата на ТВ24 му посочи на Димитриевски да не манипулира со граѓаните, да не ветува, луѓето сами зборуваат дека дава нереални ветувања.

“Димитриевски дава лажни ветувања како и од 2017, нема нов ГУП и ДУП, нема ништо реализирано. Има ДУП само за негово земјиште.” Илиевски рече дека се во коалиција со граѓаните, не со режимот.

“Ние ќе ги исполниме сите проекти коишто Димитриевски не ги реализираше и ќе додадеме многу повеќе, нови и подобри.”

„Јас ќе работам за модерно европско Куманово. Имаме најдобра понуда која ќе ја реализираме во соработка со централната власт, дел од проектите финансирани од општината, дел од проектите финансирани од програмите на министерствата”, заврши Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +