8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Предлог за ручекМОЗАИККУЈНА

Пилешко со компири какво што никогаш не сте јаделе: Овие се 2та тајни зачини

Предлог за вкусна вечера со комбинација од пилешко и компири. Зачините за преливот се посебна приказна и му даваат на јадењето неодолив вкус.

Рецепт за пилешко со компири

Состојки:

  • 3 парчиња пилешки гради
  • 1 кромид
  • 4 компири
  • сол, бибер, миризлива пиперка
  • маслиново масло
  • 200 мл павлака за готвење
  • 2 јајца
  • 120 грама кашкавал
  • 1 лажичка провансалски зачин, 1 лажичка кари
  • 1 домат

Подготовка:

Во тава истурете маслиново масло, потоа додадете сецкан кромид, а потоа компирите исечени на прстени. Додадете сол и бибер.

Исечкајте го пилешкото месо на коцки и додадете сол, бибер и малку миризлива пиперка. Мешајте го месото со раце, за добро да ги впие зачините, а потоа ставете го преку компирот.

Во посебен сад, ставете 2 јајца, павлака за готвење, малку сол, провансалски зачин и кари и изматете со вилушка, а потоа прелијте во јадењето.

Покријте се со алуминиумска фолија. Ставете да се пече во рерна 40 минути, на 200 степени.

Додадете ги ренданиот кашкавал и доматот исечкан на прстени, а потоа вратете ги во рерна уште 10 минути (180 степени).

Можеби ќе ве интересира

Богато јадење без месо: Направете посна манџа од компири

M T

Колку долго може да стои пилешкото во замрзнувач? – Важно е да направите 1 работа

M T

Сите го јадеме, но не знаеме на што да внимаваме: Овие делови од пилешкото содржат најмногу бактерии и паразити кои се штетни за организмот

M T

Брз, евтин ручек полн со витамини: Компири со зеленчук во рерна

M T

Брз и лесен рецепт: СЛАТКА КОМПИР ТОРТА со многу чоколадо

M T

Ретка појава: Во Турција започна бербата на виолетовиот компир

M T