Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Коста Костадинов е новиот градоначалник на Струмица – прогласи победа во прв круг

– Успеавме Струмицо! Благодарам за вербата во младоста! Од срце за Струмица, порача на социјалните мрежи Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица.

Костадинов рече дека е новиот градоначалник на Струмица и порача дека извојувал победа во прв круг на прес конференцијата оддржана вечерва.

Костадинов порача дека победил со 4.000 гласови разлика пред кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.

– Ова е мојот град! Ова се Струмичаните! Ова се граѓаните на град Струмица! Ова се жителите на сите населени места од нашата општина!

Ова е резултат со кој, да сме живи и здрави, ќе заокружиме 2 децении целосна политичка доминација во Струмица, 2 децении социјалдемократија, 2 децении слобода, демократија, еднаквост.

На почеток, дозволете да ја поздравам успешноста на овие локални избори и демократскиот капацитет кој уште еднаш го покажавме на дело. Да, македонскиот народ и тоа како знае што е демократија!

Најнапред би сакал да се заблагодарам на сите граѓанки и граѓани кои се одважија да излезат на гласање и да го дадат својот глас,особено голема, огромна благодарност за сите Вас кои денес гласавте за нас и нам ни ја дадовте довербата.
Тука, би искористил да честитам и да се заблагодарам на сите мои сопартијци и на тимот околу мене со кои успеавме во изминатите денови.

За крај, одовде, вечерва можам како завет да

кажам – Со целото срце, за Струмица!

Имајте сите убава вечер, неделна, празнична вечер!, рече Костадинов.

Спонзорирано: