Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Првичните резултати и трендови покажуваат уште една сигурна победа на СДСМ и коалицијата

„Првичните трендови покажуваат дека СДСМ и коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’ ќе забележи уште една сигурна изборна победа“ кажа на прес-конференција генералниот сектар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој упати благодарност до сите членови, активисти, поддржувачи и граѓани кои дале поддршка за нивната коалиција со цел да продолжи развојот на општините и напредокот на државата.

„Беа забележани неколку изолирани помали отстапувања по кои веднаш институциите постапуваа. Бевме сведоци на предизвиците кои се јавија поради гласањето со отпечаток, но тоа беше укажувано во претходниот период. Сепак, тоа беше услов на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за изборниот законик“ кажа на прес-конференција генералниот сектар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој додаде дека СДСМ го прифати условот на ВМРО-ДПМНЕ како демократска партија и со цел изборните резултати да биде покредибилни и никој да не може да ги оспорува, ниту пак да има алиби за било што.

Можеби ќе ве интересира

Ако се фаќате за волан денес, внимателно прочитајте го овој текст: Прекини и пренасочувања на неколку места

ДЕСК

Полицијата го уапси возачот кој вчера изгази дете и избега

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време како нивниот лидер Заев и Филипче дали и овој пат го резервираа навреме Харис да им пее?

ДЕСК