Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Николовски: Бевме сведоци на предизвиците кои се појавија поради гласањето со отпечаток, но тоа беше услов на ВМРО-ДПМНЕ

„Беа забележани неколку изолирани помали отстапувања по кои веднаш институциите постапуваа. Бевме сведоци на предизвиците кои се јавија поради гласањето со отпечаток, но тоа беше укажувано во претходниот период. Сепак, тоа беше услов на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за изборниот законик“ кажа на прес-конференција генералниот сектар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој додаде дека СДСМ го прифати условот на ВМРО-ДПМНЕ како демократска партија и со цел изборните резултати да биде покредибилни и никој да не може да ги оспорува, ниту пак да има алиби за било што.

„Првичните трендови покажуваат дека СДСМ и коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’ ќе забележи уште една сигурна изборна победа“ кажа Николовски.

Тој упати благодарност до сите членови, активисти, поддржувачи и граѓани кои дале поддршка за нивната коалиција со цел да продолжи развојот на општините и напредокот на државата.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК