27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДИК: До 17 часот излезноста 41,38%

До 17 часот гласале 41,38 отсто односно 547.284 граѓани со право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), според добиени податоци од вкупно 2.545 избирачки места во државата за Локалните избори 2021.

Најголема излезеност до 17 часот има во Новаци, 69,76 отсто од запишаните гласачи, Вевчани 64,27 отсто, Лозово 64,13 отсто, Дојран 62,42 отсто, Конче 61,91, Демир Хисар 60,95, Крушево 60,67 отсто и во Македонски Брод 60,1 отсто.

Според податоците на ДИК, најмал одѕив за гласање до 17 часот има во Брвеница 24,83 проценти, Шуто Оризари 25,57, Маврово и Ростуше 27,82 отсто, Центар Жупа 28,07 отсто, Боговиње 28,21, Липково 28,28 отсто, Студеничани 29,34 отсто, Желино 29,42 отсто, Врапчиште 29,7 отсто.

Од скопските општини најмногу избирачи на гласање излегле во Карпош 42,54 проценти, Кисела Вода 41,45, Центар 40,42 отсто, Аеродром 40,27 отсто, Бутел 40,07 отсто, Ѓорче Петров 39,68 отсто, Гази Баба 37,64 отсто, Чаир 34,83, Сарај 31,92 и Шуто Оризари 25,57 проценти.