Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ахмети прогласи победа на ДУИ на локалните избори

Претседателот на ДУИ Али Ахмети прогласи победа на локалните избори и рече дека неговата партија победила уште во првиот круг во Сарај, Пласница, Липково и оти е во предност во многу други општини.

„ДУИ е во значителна предност во Тетово и Чаир, во Кичево, во Струга, во Желино, во Теарце, Боговиње, ДУИ има предност во Арачиново, Долнени, во Дебар одиме во втор круг, во Гостивар зголемен е нашиот фонд на гласови за 100%. Во Чашка одиме во втор круг со предност“, рече Ахмети.

Претходно, актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари од Алијанса за Албанците прогласи победа уште во првиот круг.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +