27.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува затоплување, повеќе сонце и температури до 22 степени – Детална прогноза за следните 4 дена

Денес ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (каде се очекува да наврнат дополнителни 30 л/м2 за 24 часа).

Од утре следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен.

Прогноза за 18.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Умерено облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и услови за локален дожд.

Прогноза за 19.10.2021
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.10.2021
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и малку потопло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.