Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прекршен изборниот молк во Неготино: Тројца осумнаесет годишници растурале летоци за политичка партија

На 16.10.2021 во 04.25 во СВР Велес било пријавено дека лица со возило растуриле летоци на две локации во Неготино.

Полициски службеници излегле на местото и на посочените локации пронашле различни летоци, по што било пронајдено патничкото моторно возило со велешки регистарски ознаки во кое имало три лица Б.П. (18), С.Ф. (18) и Д.И. (18) сите од Неготино.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Centar.mk дознава дека летоците соддржеле политички пораки, при што е прекршен предизборниот молк.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК