1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Први ќе гласаат болните, немоќните, затворениците и лицата заразени со коронавирус

Први ќе гласаат болните, немоќните, затворениците и лицата заразени со ковид.

Гласањето кај болните и немоќните лица ќе го спроведуваат членови на избирачките одбори каде што тие се пријавени со посета на нивните домови, додека за лицата со Ковид 19 и во изолација гласањето ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од здравствени работници.

На еден ден пред официјалното одржување на Локалните избори гласаат и затворениците, лицата во старските домови и внатрешно раселените лица.

Првпат на овие избори ќе се применат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, но за лицата што ќе гласаат утре овие уреди нема да се применуваат.

Тие ќе гласаат како и досега со користење на Ув ламба, за проверка дали гласале и безбоен спреј, кој со проверка на УВ ламба покажува дали лицето гласало или не.

Можеби ќе ве интересира

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +

Десет лица добија уверенија за пилоти, од понеделник нов јавен повик: Николоски потсети на критичната состојба со воздухополовниот персонал

C +