Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско

Синоќа околу 19 часот во Драчево, кај местото викано Аџево биле забележани лица кои давале пари во замена за глас за локалните избори.

Со оглед дека се работи за кривично дело поткуп при гласање, полицијата привела четири лица.

Според сознанија на Centar.mk, кај овие лица се најдени пари во кеш во висина од 121 илјада денари и девизи во висина од 250 евра. Неофицијално се работи за лица со иницијали Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35).

За целиот случај е известен јавен обвинител, а извршени се и претреси во домовите на лицата, при што истите биле задржани во полициска станица.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НАЈАВЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +