Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Автобус полн со работници се преврти кај Битола, повредени четири лица

Утрово околу шест часот и триесет минути во полициската станица во Битола било пријавено дека на излез од фабрика во селото Жабени, битолско на патот кон Битола се превртил автобус полн со патници, дознава Centar.mk.

Според сознанија на Centar.mk се работи за автобус кој носи работници оваа фабрика.

Во сообраќајната несреќа, според неофицијални информации на Centar.mk, биле повредени три лица кои биле патници во автобусот и возачот.

Повредените биле пренесени во болницата во Битола.

Полицијата извршила увид на лице место.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК