17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАSHOWBIZ

Тага до небо: Од корона почина познатиот српски актер Марко Живиќ

Српскиот актер Марко Живиќ починал во болница во Белград како резултат на коронавирусот. Тажната вест за смртта на Инстаграм ја потврди Драмскиот театар во Белград. Марко имаше 49 години.

“Денес, шампионот на нашиот театар, Марко Живиќ, почина во Белград. Ти благодариме за се` и вечна ти слава. Драг Марко, ќе бидеш со нас засекогаш”, објавија.

На Марко Живиќ, кој е најпознат по улогите во филмовите Некролози за Ескобар и Монтевидео, Бог те видео, здравјето значително му се влошило откако беше заразен со коронавирус. Последните три недели тој ги поминал во сериозна состојба во болница, каде што бил приклучен на респиратор.

Имал билатерална пневмонија, а неговата состојба била комплицирана од бактерии од дигестивниот тракт, особено затоа што пред неколку години бил опериран од рак на хранопроводот и желудникот.

Можеби ќе ве интересира

Сопругата на Робин Вилијамс откри детали за неговата состојба и причините за самоубиството

C +

Почина Габи Новак – беше легендарна југословенска и хрватска пејачка

ДЕСК

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК