3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мерките против аерозагадувањето даваат резултат – минатата зима била најчиста, таква ќе е и следната

Во текот на минатата зима во Град Скопје немаше ниту еден ден во кои беа активирани вонредните мерки поради високозагаден воздух во градот. Ова се должи пред се на постојаното намалување на аерозагадувањето во главниот град, што е резултат на преземените мерки и чекори од страна на градската администрација.

Доколку се спореди загадувањето во последните пет години може да се забележи дека 2020 била најчиста година со измерено средно ниво од 47,7 микрограми на метар кубен (µg/m3) ПМ10 честички. Тоа претставува огромен напредок споредено со 2016, кога средното ниво на измерени ПМ10 честички било 71.91 µg/m3.

Дека намалувањето на аерозагадувањето е тренд покажуваат и податоците за годините измеѓу, во 2017 средната вредност е 70,03 µg/m3, во 2018 таа изнесува 57,39 µg/m3, а во 2019 51,53 µg/m3. За очекување е дека и оваа зима средната вредност на ПМ10 честичките ќе продолжи да се намалува, односно дека донесените мерки и чекори од страна на Град Скопје ќе продолжат да даваат резултат.

Во изминатите четири години, градската администрација во Скопје презеде доста конкретни чекори за борбата со аерозагадувањето. Со цел намалување на загадувањето од автомобилите изградени се преку 110 километри велосипедски патеки, а Град Скопје субвенционираше и набавка на 15 илјади велосипеди и илјада електрични тротинети, а набавени беа и 33 еколошки автобуси на ЈСП.

Со тоа, но и со растеретувањето на улиците кои поминуваат низ централното градско подрачје, се намалува сообраќјот во најгусто населените места во Скопје што придонесува за почист воздих.

Градот Скопје исто така додели субвенции и за промена на греењето на домаќинствата, со што се премина од дрва на инвертери. Во изминатите години се субвенционираше набавка на пет илјади клими, а исто така беа исчистени и осум илјади оџаци.

Сепак мерките за борбата против загадувањето мора да продолжат, а новото решение за урбаниот транспорт се очекува, освен што ќе го забрза градскиот транспорт, да придонесе и за дополнително растеретување на сообраќајот со цел помало загадување.

Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов борбата против аерозагадувањето има три компоменти стратешко решавање на затоплувањето на домовите, урбан транспорт и силен инспекциски надзор, за што сведочи затворањето на сите диви депонии во градскиот урбан опфат.