Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија Во тренд...

Шилегов до Шаќири: Се налутивте зашто не станавте директор на МКЦ

Сите знаат дека станавте кандидат за градоначалник на Скопје, зашто не станавте директор на МКЦ, му возврати скопскиот градоначалник Петре Шилегов на противкандидатот Бени Шаќири, кој, пак, го обвини дека е лош градоначалник.

-Ние кога рушевме режим се договоривме дека ќе го слушаме гласот на граѓаните. Вие требаше да бидете партиско решение за директор на МКЦ, но имаше петиција против и ние го послушавме гласот на граѓаните – рече Шилегов на дебатата на Телма.