Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штотуку го потврди скандалот, нивната Данела Арсовска крадела струја

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ само го потврди скандалот дека нивната кандидатка Данела Арсовска со години крадела струја.

Фирмата „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик со години под закуп ја имала салата Расадник во Кисела Вода и не плаќала струја. Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра.

Ако Данела вака лошо менаџира со сала, јасно е како ден дека не може да управува со цел Град.

Ако можела без око да и трепне да направи милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.

Неодговорното и нечесното работење е препознатлив печат на ВМРО-ДПМНЕ и на кадрите на Груевски. Тоа е печат на ВМРО-ДПМНЕ кои со години го опустошија Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК