Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Еве како ќе изгледа новото училиште што ќе се гради во населбата Александрија во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и актуелен градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумоски во својата програма за следните четири години предвидува изградба на ново основно училиште во населбата Александрија.

Проценетата вредност на инвестицијата изнесува 4 милиони евра, средства обезбедени од програми на Владата и од буџетот на Општината, со капацитет за 500 деца, а во него ќе биде изградена и најсовремена спортска сала во која ќе можат да се одржуваат и меѓународни натпревари.

Училиштето ќе биде прв објект на основно училиште изградено по повеќе од 40 години.

За реализацијата на овој проект, ветување даде и премиерот Зоран Заев на митинг во Ѓорче Петров каде што истакна дека и централната власт ќе застане зад изградбата на новото училиште.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ОБЛАЦИ, СОНЦЕ И ДОЖД – УХМР објави какво време нè очекува до крајот на денот

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

ДЕСК

Филипче: Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?

ДЕСК