25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Инситуциите да постапат по снимката каде соработник на Димитриевски договара купување гласови

Изјава за медиуми, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови.

Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката.

Ова почитувани е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим.

Ова е класично режимско постапување од најлошите години на режимот.

Со ваквото однесување Максим Димитриевски го покажа своето вистинско лице и уште еднаш покажа дека не е социјалдемократ, како што се претставува.

Почитувани,

Надлежните институции веднаш да постапат по овој случај, да се отвори истрага, да се утврди одговорност и да следуваат соодветни санкции.

Куманово памети како ВМРО-ДПМНЕ со години поткупуваше, уценуваше, заплашуваше граѓани во обид да ги притисне и на сила да завладее со Куманово. Тоа никогаш не им успеа.

Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговот вистинско лице.

Кумановци и кумановки се чесни, горди и достоинствени луѓе кои никој не може да ги купи, нема да успее ниту Димитриевски.

Во недела, на 17 октомври, Куманово повторно ќе застане зад концептот на СДСМ и Најдоброто кој води напред кон развој.

На 17 октомври кумановци масовно ќе заокружат 12.

Куманово бил и ќе биде бастион на СДСМ и социјалдемократијата.