21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Кратово: Ова се избори каде со вашиот избор праќате порака до власта

Ова се локални избори со суштинска важност за правецот по кој ќе се движи државата. Ова се избори каде со вашиот избор праќате порака до власта. Дали сакате да владеат со апсолутната власт уште или сакате промени? Одговорот се чувствува во незадоволството од народот. А, тоа не е само незадоволство од неостварените ветувања на власта, туку и од нивната ароганција, потценувањето кое што го имаат кон народот и пазарењето со нашите идентитетски обележја.

Ова е пораката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Кратово.

Тој укажа дека државата влегува во инфлаторна спирала, цените на сите производи одат нагоре, поскапено е се во продавниците, брашното, лебот, зејтинот, бензините, а, ни претстои и нова енергетска криза.

– А, знаете ли зошто дојдовме до ова. Затоа што додека во РЕК Битола ја крадеа и им беше поважно кој ќе ги добие тендерите, дали тоа да бидат струмичките фирми или Стентон, машините за ископ потонааа во вода, и нема доволен ископ на јаглен. Еве сега цената стигна да се плати, ќе увезуваат јаглен од 50 милиони евра. Тоа се ваши пари, тоа се пари на граѓаните, то е не се пари кои некој од џеб од Струмица ги донесе. Дополнителен проблем е како секој ден ќе поминуваат по 1000 камиони до Битола и 300 камиони до Кичево натоварени секој од нив по 20 тони, рече Мицкоски.

Тој повтори дека ова се локални избори со суштинска важност за правецот по кој ќе се движи државата.

Мицкоски истакна дека СДСМ нема ниту план ниту програма, ги ветува истите работи од пред четири години.

Тој праша зошто на четири дена пред изборите Зоран Заев се одлучил да купува гласови, ако е најдоброто како што вели и ако навистина победува како што вели.

– Излезете на избори за да не дозволиме да ни ја украдат иднината. Не постои власт која може да победи со поткупени гласови, колку што може народ да излезе и да ги казни тоа што ја одземаат заедничката иднина, потенцираше меѓу другото тој.

Спонзорирано: