Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче од Новаци: СДСМ гради силна економија, инвестираме во сите општини рамномерно

На два дена пред завршување на кампањата „Најдоброто за мојата општина“, потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче оствари средба со жителите на Општина Новаци.

На средбата се зборуваше за позитивните политики и тесната соработка на Владата како централна власт и општините како дел од локалната самоуправа.

„Владата на Република Северна Македонија со своето секојдневно работење стои на располагање на секоја општина во земјава. Не правиме поделби на мали и големи општини, зашто нашиот концепт уште од почетокот беше јасен и прецизен: живот за секој еден во земјава“, рече Филипче.

Во обраќањето, потпретседателот на СДСМ, ги напомена заложбите на власта за стабилна, одржлива и здрава економска клима во земјава.

„За мене патриотизам е иднината за младите овде во земјава, тоа е унапредениот образовен систем, тоа е достапноста и квалитетот на здравствените услуги, тоа е здравата и силна економија како столб на државата, тоа сме сите ние како целина.

Тој начин на работење ќе продолжи и понатаму. Сите заедно ќе ја градиме и зацврстуваме државноста на Северна Македонија. Сите заедно ѝ должиме на земјата сигурност и стабилност.

Ние ја создаваме и одржуваме економијата која ќе донесе повеќе пари, повеќе работни места во секоја општина за секој граѓанин. Стратешка цел на СДСМ е градење и работење за силен и независен економски систем“, заврши Филипче.

Тој пред собраниот народ во Новаци ја побара поддршката и довербата за втор мандат на актуелниот градоначалник на општината, Љубе Кузманоски.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК