Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Заев на Алсат: Ќе победиме и по број на градоначалници и по број на гласови, а ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го победиме во Истокот

Победа на локалните избори е чиста победа по сите основи, поголем број градоначалници, вклучително и градот Скопје, каде живее 1/3 од граѓаните, вториот основ е бројот на советнички места нашата коалиција, во однос на нивната коалиција и на крајот вкупниот број на гласови, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Алсат телевизија.

Тој додаде дека Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, од 22 партии преводена од СДСМ на изборите, според истражувања ќе освои јасна победа.

„Во третата изборна единица, во источна Македонија ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ со 90 : 10, ќе победиме во Штип, Кочани Пробиштип, Берово, Виница, Делчево, Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК