Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неколку лица тешко повредени кога возило излета од коловоз на булеварот Словенија во Скопје

Ноќеска, по полноќ, односно во 00.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Словенија, во близина на крстосницата со улицата Македонска косовска бригада и булеварот Босна и Херцеговина во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. А. (47) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и сопатничката Е. А. (23) од Скопје, а телесни повреди добила уште една сопатничка, Е. И. (25) од Скопје, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +