Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Се судрија вектра и форд фокус во Скопје – Две лица тешко повредени

На 10.10.2021 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од О.Б.(33) од Скопје и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ј.Г.(41) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фокус“, С.А.(71) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Ј.Г., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК