Соопштение на СДСМ Скопје:
Данела Арсовска објави дека ќе ја интензивирала соработката со Здружението на приватни превозници за спроведување ефикасни решенија во сообраќајот: „… предвидувам реализација на систем за работа со зачестени линии, секое населено место да има превоз и да има повеќе автобуси, за да се растерети метежот со која се соочуваат граѓаните секојдневно“, истакна Данела Арсовска на нејзината страница.
Во својата програма Арсовска има „предвидување“ и за целосно бесплатен јавен превоз: „Предвидуваме целосно бесплатен квалитетен јавен градски автобуски превоз“, пишува во програмата на Арсовска.
Кога Арсовска зборува за „250 нови еколошки автобуси“, јасно е дека тие не се предвидени за приватните превозници.
Во програмата на Арсовска нема никакво објаснување што ќе се случи со приватните превозници, и од што ќе живеат тие, ако се оствари нејзиното „предвидување“ за бесплатен јавен превоз.
Ниту Арсовска, ниту ВМРО-ДПМНЕ досега немаат дадено одговор на јавноста: Колку ќе ги чинат скопјани 250 еко-автобуси и бесплатниот јавен превоз? Како ќе преживеат приватните превозници и такси компаниите во Скопје ако превозот стане бесплатен?