Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

138 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36, 9 санкции за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирано возило, две за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за управување под дејство на алкохол, 46 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мопедист пренесен во болница

ДЕСК