Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Контрола во туристички автобус, откриени 19 фалсификувани ПЦР тестови

Денеска (09.10.2021) од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Северна Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови. По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК