26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Илиевски: Продолжуваме да го унапредуваме статусот на кумановските стечајци

Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска оствари средба со стечајни работници од Куманово на којашто заеднички се согласија дека Владата досега направи многу за нив, како никоја друга Влада претходно.

“Оваа Влада предводена од СДСМ имаше слух за оваа категорија граѓани и со Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата обезбеди можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање.”

Илиевски изјави дека ќе стори се што е во негова можност во соработка со Владата да го гарантира принципот на еднаквост на граѓаните во остварувањето на нивните права, особено за стечајните работници, наспроти негрижата на претходната власт со долгогодишните лажни и предизборни ветувања, како и заради селективноста во решавањето на нивниот статус.

“Вниманието останува целосно насочено кон зачувување на работните места, и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените. Продолжуваме со успехот на централната власт, да го пренесеме и локално.”, подвлече Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Грешките на ВМРО ја поткопуваат перспективата на државата, ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг

ДЕСК

Тежок инцидент во затворот Идризово – млад осуденик нападнал затворски полицаец

ДЕСК

Бујар Османи: Пред наши очи се одвива стратешкото поместување од ЕУ кон Белград и Москва

ДЕСК