18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нудиме реално остварливи проекти за локален економски развој, нови работни места и повисок животен стандард за сите

Соопштение на СДСМ:

Програмите на нашите кандидати за градоначалници го содржат најдоброто за секоја општина.

Најдоброто за вашата општина ќе го најдете во нашите конкретни, реално остварливи проекти.

За разлика од опозицијата која нуди нереални проекти без реални пресметки, ние даваме збор дека нашите проекти ќе бидат реалност до 2025 година, збор кој планираме да го одржиме, одговорно и домаќински, за да имаме уште поразвиени општини и држава.

Владата предводена од СДСМ има слух за потребите на општините. Посветеноста на централната власт предводена од премиерот Зоран Заев продолжува да ја гарантира реализацијата на локалните проекти за сите општини.

Во периодот 2021-2025 нашиот фокус ќе биде ефикасноста, грижата за потребите на граѓаните и силната определба да создадеме функционални општини способни да ги решаваат проблемите на граѓаните.

СДСМ во изминатите четири години покажа дека работи, дека ниту една општина не остана запоставена и задолжена и дека локалните самоуправи останаа висок приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Продолжуваме да инвестираме во капитални проекти кои носат локален економски развој, нови работни места во општините и повисок животен стандард.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК