Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерката Шахпаска во работна посета во Тирана, Албанија

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска од денеска е во дводневна работна посета на Тирана, Албанија. Во рамките на посетата министерката Шахпаска ќе има билатерална средба со Огрета Манастирлиу, министерката за здравство и социјални прашања на Албанија.

Министерката Шахпаска ќе учествува и на седмиот по ред Форум за поврзување, (Tirana Connectivity Forum), кој се одржува во Тирана.

Оваа година на Тиранскиот форум за поврзување, кој се одржува под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, ќе се дискутира за Економскиот и инвестициски план на Европската унија за земјите од Западен Балкан.

Министерката Шахпаска ќе учествува на панел дискусијата насловена „Што има за младите во Економско инвестицискиот план за Западен Балкан“, каде ќе ги презентира искуствата на Република Северна Македонија во дизајнирањето и имплементирањето на политики насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд, а особено ќе се осврне на нашите искуства како прва земја од регионот која ја воспостави и ја спроведува „Младинската гаранција“, по примерот и моделот развиен и применет во земјите од Европската унија.

Во панел дискусијата, покрај министерката Шахпаска, ќе учествуваат и Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни прашања и потпретседателка на Европската комисија.

Овогодинешниот Форум во Тирана е дел од официјалниот календар на настани во рамки на Словенечкото Претседателство со Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК