Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Делков од Неготино: Имаме вода без рестрикции, немаме долгови, секојдневно градиме

Многумина не веруваа дека оваа општина има перспектива, една од многуте причини беа недомаќинското работење и задолженоста и мислењето на народот дека сите се исти, јас кажав дека ќе биде тешко но посветеноста и волјата дадоа резултат. и не може ништо да не спречи во најуспешната приказна, рече досегашниот и кандидат за иден градоначалник на општина Неготино, Тони Делков.

-Покажавме дека можеме, Неготино веќе не е задолжена општина, 12 часовните рестрикциите со вода се минато, изградена е градинка, социјална зграда, улици како и лед осветлување и ја подобривме енргетската ефикасност, се гради и ќе се гради, Во мојот мандат со поддршка на Агенцијата за млади и спорт во вредност од 18 милиони денари и затоа сме сведоци на спортска сакал за рекреација и спорт за младите во општината, уредување на просторот околу Саат кулата, преку проекти за прекугранична соработка со Грција. Планираме изградба на туристички комплекс, како и поврзување на градот со пешачки и велосипедски патеки, тротоари со наклони за да можат да се движат и лицата со попреченост, рече тој.

Тој рече дека се планирани паркови, гасификација, а оние другите да престанат да шират лаги и лажни вести, вистината ќе ги боли уште долго, ама градот ќе се развива.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК