Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

249 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи. Од нив, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АЕРОДРОМ – Приведени шест странски државјани

ДЕСК

МИНУС И УТРОВО ВО МАКЕДОНИЈА – Еве каде е измерено најстуденото време

ДЕСК

ВЛАДАТА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – Денеска се очекуваат одговори

ДЕСК