25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Повисока социјална помош и државна пензија се дел од политиката за искоренување на сиромаштијата

Најранливата група на граѓани се нашиот приоритет за помош, за социјалната категорија на граѓани обезбедивме средства со кои ја покачивме социјалната помош за 300 проценти, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во Куманово.

Тој кажа дека со долгорочна и стабилна политиката за искоренување на сиромаштијата, директно им се помага на најранливите лица да имаат пристоен живот.
Да ги вратиме парите кај граѓаните , тоа е обврската која ја превземавме кога режимот направи пустош и ги осиромаши граѓаните.Ние на креираме барок и гипс картони, ги враќаме парите од граѓаните за граѓаните, рече Спасовски.

На пензионерите над 65 години кои не остваруваат услови за стекнување на пензија, овозможивме државна пензија во висина од 6 000 денари месечно, со што покажавме дека пензионерите со нас се на сигурно и дека се грижиме за сите. Продолжуваме да креираме социјални услуги блиски до граѓаните. Владата на СДСМ секогаш ќе се грижи за граѓаните и нивната благосостојба. Тоа е нашата основна мисија, порача Спасовски од Куманово.