28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Од средбата на Заев со премиерот на Ирска Мартин: Силната поддршка на Ирска е признание за нашиот придонес за деблокирање на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на активностите на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, се сретна со премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин.

На средбата, на која учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека двете земји имаат блиски пријателски односи, но и отворени можности за нивно дополнително унапредување, особено во соработката на економски план.

Премиерот Заев како особено значајна ја оцени силната поддршка на Република Ирска за нашиот процес на европска интеграција како признание за нашиот придонес за деблокада на проширувањето на ЕУ, и му пренесе на премиерот Мартин дека Владата продолжува интензивно да работи на ова прашање.

Во насока на унапредување на меѓусебните односи, двајцата премиери се согласија да продолжи и да се интензивира соработката и преку размена на посети на високо ниво помеѓу Република Ирска и Република Северна Македонија со фокус на економската соработка.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК