Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од средбата на премиерот Заев со премиерката на Естонија Калис: Естонија е гласна во поддршката за Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

На маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев оствари билатерална средба со премиерката на Естонија Каја Калис.

На средбата двајцата соговорници ги истакнаа пријателските односи меѓу двете земји и взаемната посветеност за понатамошно унапредување на соработката.

Премиерот Заев во разговорот ја поздрави заложбата на Република Естонија како вреден партнер и поддржувач на нашата интеграција во Европската Унија, како и во процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и се заблагодари за силната и гласна поддршка за започнување преговори за пристапување.

Заеднички заклучок од средбата на премиерот Заев со премиерката Калис е дека Самитот на ЕУ за Западен Балкан треба да испрати посилни пораки до граѓаните за поддршка за аспирациите на земјите од регионот за пристапување во Европската Унија.

Премиерот Заев се заблагодари за прифатената поддршка Естонија за споделување на своето искуство од дигитализацијата со Северна Македонија за што двете земји го одобрија склучувањето на Меморандум за разбирање меѓу македонскиот Секретаријат за европски прашања и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК