Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Илиевски на средба со жители од Љубодраг, Бабин дол, Вера Которка: За четири години од овие избори, нема да зборуваме повеќе за водовод, канализација и асфалтирање на улици

Денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски оствари средба со жителите на Љубодраг, Бабин дол и Вера Которка. На средбата жителите истакнаа скоро исти проблеми во сите три места и најголемиот дел беа во врска со водовод, канализација и асфалт.

“Градиме канализација со приклучок на водоводна мрежа, ќе реконструираме повеќе улици и ќе изградиме пешачка зона со дрвореди. Пред вас давам завет дека сето ова ќе се исполни” – потенцираше Илиевски.

За населбата Бабин дол Илиевски истакна дека ќе биде изработен урбанистичкиот план за утврдување на правниот статус на населбата како и нејзино поврзување со Менкова колиба.

На средбите Илиевски додаде и дека најмалку два пати во годината ќе остварува исти вакви средби со жителите за да разговараат до каде се реализирани проектите кои се предвидени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +