На неформалниот самит ЕУ-Западен Балкан денеска во Словенија лидерите на ЕУ ќе ја реафирмираат европската перспектива на регионот, според нацрт-изјавата што треба да се прифати, но без наведување на временска рамка во која тие земји би можеле да сметаат на членство, пишува хрватски „Индекс“.
„ЕУ ја потврдува својата несомнена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан кон европска перспектива од заеднички стратешки интерес“, се вели во нацрт-изјавата на состанокот.
Предлогот на Словенија не беше прифатен
Неформалниот самит е централниот настан на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија, а Словенија, која сака интеграција на регионот во ЕУ што е можно поскоро, сугерираше дека земјите треба да биде примени до 2030 година од геополитички причини.
Сите држави во регионот се свесни дека нема ентузијазам за такво проширување во Унијата, но очекуваат поконкретна временска рамка кога ќе можат да сметаат на членство. Меѓутоа, во предложениот документ нема да има временска рамка, а самиот термин „проширување“ е избегнат, пренесуваат словенечките медиуми.
Земјите поделени во врска со брзината на пристапување на нови членки
Албанија, Северна Македонија, Србија, БиХ, Косово и Црна Гора сакаат да се приклучат кон блокот, а нивните напори, исто така, покажуваат разлики во гледиштата за прашањето меѓу членките на ЕУ.
Додека Хрватска, Австрија, Словенија и Германија предупредуваат дека предолгото чекање може да го стави регионот под големо влијание на другите земји, пред сè Русија и Кина, но Франција, Данска и Холандија, имаат резерви за пребрзо приближување.