На прес конференцијата одржана денеска од кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање, коментираше за вчерашното обвинување од страна на пратеничката Силјановска за нападите на Арсовска од Шилегов.
Силјановска вчера вечер на митингот во Чаир, кажа дека никаде досега не е сретнат пример на таканаречен „контраспот“ во компаративното медиумско право.
Арсовска, помалку нервозно и збунувачки, притискајќи ги картончињата за говор, изјави дека најголемата казна за наводната црна кампања што ја водел Шилегов е тоа што ќе ги изгубел изборите на 17-ти октомври.
„Верувам дека тие работи што ги прави со црната кампања се само одраз на страв. Затоа што човек што нешто направил, ќе го покаже тоа што ќе го направил, ќе се покаже со своите резултати и ќе го бара мандатот базирано на резултати. А не со тоа што ќе напаѓа жена“, вели Арсовска.
За разлика од црната кампања која со години ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржува Арсовска во изборната трка, ја води против актуелниот градоначалник и кандидат, Петре Шилегов, јасно е дека обвинувањата од Силјановска, но и од Арсовска, се паушални и неосновани.
Промотивниот спот, кој го спомнува Силјановска на митингот, не е ништо друго освен демант на лажните тврдења на Арсовска.
Воедно, Арсовска додаде дека нема намера да покрене било каква постапка или тужба против Шилегов.