Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми загрижен министер, а на митинзи не си ги почитува сопствените протоколи

Филипче глуми загрижен министер, а на митинзи не си ги почитува сопствените протоколи, стои во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму нагласуваат, дека Филипче преку ден глуми загриженост и апелира на почитување на мерките, а навечер како што додаваат, оди по партиски митинзи и не ги почитува сопствените мерки.

„Филипче нека им каже на граѓаните, кога да го слушаат на сабајле кога вели дека на митинзи треба да се оди со маска, или навечер кога и самиот не носи маска и не држи дистанца? Филипче ги крши мерките кои сам ги пропишува од почетокот на пандемијата. Додека сите беа затворени тој возеше мотор со Заев, тоа е таа ароганција на СДСМ со што го потценуваат народот“, пишува во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК