Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Од утре значителна промена на времето

Уште денес ќе се задржи претежно сончево со постудено утро.

Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет кои најпрвин ќе започнат во западните делови и преку ноќта кон четврток ќе се прошират во останатите делови.

Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 07.10.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 08.10.2021
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 09.10.2021
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд поинтензивни кон југоисток од земјата. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

ДЕСК

Мицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата

ДЕСК

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК