Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов од Гази Баба: Скопје ќе биде град без шалтери, каде младите ќе се на прво место

Младите мора да останат во Скопје и затоа во нив постојано ќе вложуваме, порача кандидатот за градоначалник Петре Шилегов на трибината на СДСМ во Гази Баба. Тој кажа дека актуелната локална власт работи домаќински и веќе се заштедени пари кои се пренаменуваат за значајни цели.

-Веќе светат новите ЛЕД-сијалици и заштедуваме 1,3 милиони евра годишно откако ги заменивме старите. Заштедата ќе ја трошиме за Скопјани, така што ќе надоместуваме 50% од надоместокот за запишување деца во градинки и за оброк во основните училишта, кажа Шилегов.

Тој потсети дека трите средни градски училишта во Гази Баба се целосно реконструирани, расчистени се депониите, направени се велосипедски патеки, а подигнати се и нови паркови.

-Затоа велам дека Скопје денес е многу поинаква приказна од претходно. Скопје ќе биде прв главен град во регионот што ќе биде целосно дигитализиран и нема да има повеќе шалтери, се што може ќе биде направено преку мобилен, заклучи Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Скопски полицаец уапсен за изнуда

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

ДЕСК

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

C +