Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Драстична промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на влажна воздушна маса од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет.

На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Прогноза за 08.10.2021
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2) и поројни, проследени со повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 09.10.2021
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 10.10.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 16°C
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК