11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

АСОМ: На Црвениот Крст префрлени по 60.000 денари за семејствата на настраданите во тетовската болница

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) на средба со Црвениот Крст ја официјализираше донацијата за семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Согласно договорот, на сметката на Црвениот Крст веќе се префрлени по 60.000 денари од АСОМ, кои Црвениот Крст ќе ги распредели на семејствата на настраданите.

„Ние уште еднаш изразуваме длабоко жалење за трагедијата и сочувство до семејствата на жртвите. Факт е дека ништо не може да ја надомести нивната загуба, затоа што човечкиот живот е ненадоместлив, но веруваме дека во вакви моменти секоја поддрша е добредојдена. Токму од овие причини, Асоцијацијата на спортски обложувалници со сите нејзини членки само два дена по несреќата донесе одлука, како и многу пати до сега, да делува одговорно и да обезбеди помош на оние на кои помошта навистина им е потребна. Најдобриот начин да ја реализираме донацијата беше токму преку нашиот партнер Црвениот Крст кој ќе се погрижи паричните средства да стигнат до секое семејство на настраданите во пожарот“. – истакнуваат од АСОМ.

„Општествената одговорност на компаниите, институциите и организациите во државата во активностите кои ги презема Црвениот Крст за намалување на ранливоста на целните групи, како и поддршка на семејствата во ризик е од исклучителна важност за да се истакнат хуманите вредности и социјалната димензија на нашето општество. Во име на нашата организација, но и во име на семејствата во оваа прилика изразуваме благодарност до АСОМ и сите нејзини членки кои ја препознаа потребата од помош и донираа средства за семејствата на настраданите во пожарот во тетовскиот Ковид центар“.- изјави Сузана Т. Пауновска, Секретар на Црвен Крст на град Скопје.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +