23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Со Мицкоски никој не знае на што е, на 17 октомври Кавадарци го бира Најдоброто

Со Христијан Мицкоски никој не знае на што е, тој нема став, еднаш вели едно другпат второ, а прави сосема трето, човекот кого го разреши од потпретседател на партија, го исклучуваше од партија, се кавгаше и расправаше со него, на крај застана до него, нудејќи го како негов кандидат за Кавадарци, порача вечерва од Кавадарци, претседателот Зоран Заев.

Претседателот Заев посочи дека во Кавадарци и во секоја друга општина ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз, затоа што знаат граѓаните кој работи за нивните а кој против нивните интереси.

„Граѓаните се мудри граѓаните знаат да измерат и да оценат.Граѓаните гледаат кој ги раздолжи општините со 50 милиони евра и вложи дополнителни 500 милиони за проекти, а кој потроши 800 милиони за криминални тендери само во центарот на Скопје. Гледаат граѓаните и знаат, кој за четири години изгради 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, а кој постави 300 споменици, гипс картон, палми и жални врби. Знаат граѓаните и кој ја држи стабилна цената на струјата, а кој ја покачи за 100 отсто. Знаат граѓаните кој им должеше субвенции со години, а кој навремено им испалаќа субвенции. Знаат лозарите колку пари имаа од грозјето, и колку приход имаат денес. Гледаат граѓаните и прават разлика и таа разлика ќе ја потврдат на денот на изборите. Знаат граѓаните дека сега е многу подобро и затоа на 17 октомври ќе го изберат Најдоброто и масовно ќе гласаат за број 12!, порача Заев.