Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уште денес и утре сонце, потоа драстична промена: Детална прогноза за времето за следните денови

Денес ќе биде ведро и студено, а преку денот претежно сончево со слаб јужен ветер.

Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 06.10.2021
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Променливо облачно и свежо со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 07.10.2021
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 08.10.2021
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +