Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тодоров од Кавадарци: Неопходен е регионален центар за откуп на грозјето и гасификација на општината

Со квалитетен и амбициозен тим можеме да ги реализираме сите цели за Кавадарци, а од суштинска важност е родовата рамноправност, истакна кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ, Горан Тодоров. Тој кажа дека постојано ќе ги слуша граѓаните, бидејќи, како што вели, само со идеи и сугестии се оди напред и со активна партиципација на граѓаните.

-Потребно ни е Кавадарци со силни економски параметри, град кој ќе биде пример за планирање и реализација на европски проекти, град каде младите гледаат иднина, град на социјална инклузија и на спортски натпревари, порача Тодоров.

Тој пред кавадарчани вети изградба на регионален центар за откуп на грозје, гасификација, бизнис старт ап центари, намалување на загадувањето, изградба на старски дом, катна гаража во центарот на градот, бесплатен оброк за децата до девет години, стационар за кучиња, нови спортски села во селата, реконструкција на фудбалски игралишта

и намалување на сметките за комунални услуги до 50%.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК