16.8 C
Скопје
22. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАЗА НАС

Ненад Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ сметот во Велес го собираше со трактори, ние за прв пат поставивме контејнери

Говорејќи за своите приоритетите како градаоначалник на Велес, Ненад Коциќ рече дека тоа е тој да биде град без отпад. Тоа е една од моите активности што ја обавувам во изминативе 30 години, подигање на јавнната свест околу заштитата на животната средина, рече Ненад Коциќ, кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, во дебата на ТВ24.

„Кога ќе направиме компарација меѓу она што се случуваше до 2017, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и она што е денес мислам дека состојбата е многу поразлична. Во нивно време отпадот во Велешките улици се собираше со трактори позајмени од Кавадарци. Немавме ниту еден функционален камион за собирање на отпадот. До тој степен бевме стасани. Како тракторите одеа низ улиците, така сметот се прелеваше“, истакна Коциќ.
Тој нагласи дека се набавени десетина нови и половни камиони за собирање на отпадот, поставени се 30 подземни контејнери кои за прв пат се среќаваат на велешките улици, купени се метларки исти онаква какви има во Лондон или Вашингтон. Бројот на вработени во комунална хигиена е зголемен. И покрај ова смета кандидатот за градоначалник на Велес, Коциќ, дека може да биде и подобро, особено со решавање на дивите депонии.

На забелеките од страна на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со ЈКП Дервент, Коциќ одговори дека ова комунално претпријатие не било никогаш во подобра состојба, од тоа каква е сега. Оваа локална власт на СДСМ им ги плати заостанатите сметки на „Дервент“ кои ВМРО-ДПМНЕ ги немаше платено за три години наназад.

Што се однесува до забелешките дека комуналното претпријатие не го собира редовно сметот од контејнерите по улиците, Коциќ укажа дека планира вработување на комунални инспектори кои ќе биат задолжени да ја следат сотојбата со сметот низ целиот град во две смени.

Спонзорирано: