Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Шилегов: Градот целосно се дигитализира, апликацијата “Мое Скопје” е достапна на граѓаните

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со дигитализацијата и отвореноста на град Скопје кон граѓаните, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов посочи дека апликацијата „Мое Скопје“ е веќе достапна на секој граѓанин: „Градот целосно се дигитализира, контактот помеѓу администрацијата и граѓаните ќе биде дигитален. Граѓаните во секое време ќе знаат каде ќе биде нивниот предмет, и граѓаните преку таа апликација во секое време ќе можат да се обратат на својот градоначалник.“

Шилегов укажа дека „она што некои го зборуваат, град Скопје веќе го има имплементирано и го завршува“, и им порача на скопјани да ја побараат апликацијата „My Skopje“ – „Моето Скопје“, која е веќе достапна за корисниците на андроид на Google Store, а наскоро ќе биде достапна и за корисниците на уреди „Епл“.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК