Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со возило излетале од патот – Еден малолетник почина, а еден е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево

На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот.

Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта,општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК